Volkswagen заминува, a Polo WRC ќе се изнајмува

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот фабрички тим на Volkswagen од следната сезона повеќе нема да биде дел од СП во WRC. Возачите веќе преговараат за заминување во други екипи. Сепак, одреден број на специјално подготвени возила Polo WRC ќе ги гледаме на патеките.

Тимскиот шеф на Volkswagen во WRC, Свен Сметс најави дека се подготвуваа одреден број на возила што ќе бидат подготвени и понудени на заинтересираните поединци и приватни тимови. Поделбата ќе биде по принципот „прв пријавен – прв услужен“.

Во иднина Volkswagen Motorsport ќе доживее реструктуирање и ќе биде повеќе ориентирана кон потрошувачите. Тимот бара нов предизвик, нова тркачка програма и затоа в година ќе ги „изнајмуваат“ возилата што ќе бидат подготвени според потребните спецификации з априватни тимови.
Иако спецификацијата за возилото во 2017 година Polo-R нема да биде хомологирана за WRC, тимот продолжува да работи на нивниот развој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK