(ВО ЖИВО) Малинковски ќе стартува од 4 ред на Clio Cup во Ошерслебен

ОБЈАВЕНО НА:

Давид Малинковски ќе дебитира на Clio Cup со старт од 4 ред на трката во Ошерслебен, Германија. Тој во квалификациите го освои 8. време во конкуренција на 12 возачи. Интересно е што Малинковски имаше подобро време од Ник Штефанчич, актуелниот победник на Euro Twingo Cup од каде доаѓаат и двајцата возачи.

Малинковски имаше време од 1:44,069 мин. и заостанување од 2,349 сек. во однос на Мартин Калечик кој беше најбрз.

Патеката во Германија е со должина од 3696 метри се наоѓа на речиси 200 километри западно од Берлин. Ширината на патеката е од 11 до 13 метри и благодарение на профилот со четиринаесет брзи свиоци нуди многу брзо темпо. Иако патеката беше отворена во 1997 година (под името Motopark Oschersleben), таа беше само четврта постојана патека во Германија.

Првата трка од Clio Cup почнува во 11,45 часот, и можете да ја гледате на следниот линк

https://www.youtube.com/watch?v=x7au_-B0BcE

Втората трка е планирана исто така за денеска во 15,10 часот. и ќе се стартува во основа на постигнатите резултати од првата трка.

Давид Малинковски ја почнува новата авантура – Renault Clio Cup

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK