Лани Mercedes заработил речиси милијарда евра со претплата на дополнителна опрема

ОБЈАВЕНО НА:

Пред неколку години почнаа да се појавуваат првите модели за претплата за дополнителна опрема во автомобилите. Идејата на овој проект е целосно да се опреми автомобилот и потоа да му се даде можност на купувачот да купи, односно да вклучи или исклучи одредена опрема.

Ова би ги намалило трошоците за производство бидејќи сите автомобили би биле идентично опремени, а со скапи претплати, производителите би можеле да заработат повеќе, а купувачот би имал поголема флексибилност.

Дополнителната опрема вклучува далечинско палење на автомобилот, греење и масажа на седиштата, зголемување на моќноста на моторот итн. Ваквата идеја функционира, барем во случајот со Mercedes.

Само лани Mercedes заработи речиси една милијарда евра (945 милиони евра) од претплати – пишува Automotive News.

Шефот за продажба на Mercedes-Benz, Брита Сигер, истакна дека бројот на претплатници само ќе расте:
„Тоа е огромна сума на пари, на пример, до 2025 година таргетираме повеќе од две милијарди евра од нашата програма за претплатни услуги. Очекуваме функциите како автоматското возење да станат наш најголем двигател на приходи од софтвер до 2030 година“, заклучи Сигер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK