Кина веќе годинава може да биде најголемиот светски извозник на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Кина наскоро би можела да ја надмине Јапонија како најголем светски извозник на автомобили. Кина моментално е на второто место, откако ја турна Германија на третото место…

Кинескиот извоз на автомобили галопирачки расте. Кина лани извезла 3,11 милиони автомобили, што е за 54% повеќе од претходната година. Јапонците извезоа 3,2 милиони автомобили во 2022 година, но во 2020 година таа бројка беше 3,82 милиони автомобили.

Така, Кина се израмнува со Јапонија, не само поради растот на кинескиот извоз, туку и поради падот на јапонскиот извоз.

Аналитичарите предвидуваат дека кинескиот извоз ќе порасне на 5,5 милиони автомобили до 2030 година, од кои 2,5 милиони ќе бидат електрични автомобили.

Кина станува еден од најважните „играчи“ во автомобилската индустрија, пред се поради компаративните предности во областа на производството на батерии. Расте влијанието на кинеските производители, не само во светот, туку и во самата Кина.

Странските брендови доминираат во Кина од почетокот на осумдесеттите, но минатата година нивниот удел беше само 50,8%. Ова е уште поубедливо во сегментот на електрични автомобили, каде кинеските производители освоија 84,7% од пазарниот удел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK