Иранската компанија Iran Khodro претстави нов хечбек базиран на познатиот европски модел Peugeot 206. Автомобилот е направен на истата платформа, но од компанијата велат дека ќе ја модернизираат платформата за да ја прилагодат на современиот возач.
Хечбекот дебитираше како концепт, а се очекува наскоро да ја видиме и неговата сериска верзија, пренесува khodrobank.com.
Автомобилот има 1,6-литарски атмосферски бензински мотор со 110 коњски сили и петстепен мануелен менувач. Сепак, купувачите ќе имаат можност да добијат и шест степени на пренос, без да се споменува дали оваа верзија ќе доаѓа со автоматски или повторно мануелен менувач.
Дополнително, може да се нарачаат систем за стабилност, систем за следење на притисокот во гумите и сензори за дожд и светлина. Клиентите ќе можат да добијат и систем за навигација со екран од седум инчи во средината на контролната табла.
Дизајнот на автомобилот нема никаква врска со оној на Peugeot 206, а дизајнерите на компанијата се обидоа драматично да се издвојува од францускиот хечбек. Се очекува производството да започне во септември следната година.