Газпром е најголема енергетска компанија во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Рускиот гасен гигант Газпром го завзеде првото место на листата на 250-те водечки нафтени и енергетски корпорации во светот. Државното претпријатие за првпат се искачи на првото место и го симна Exxon Mobil Corp., од САД која во 2017 година останува на деветтото место.

Второто место на листата е за германскиот E.ON SE, кој исто така направи голем скок во рангирањето, бидејќи во 2016 година беше на 114-та. Третата позиција е за Reliance Industries Limited од Индија, а четвртата за Korea Electric Power Corporation од Јужна Кореја. Листат од Топ-5 компании ја затвора кинеската енергетска и хемиска компанија China Petroleum & Chemical Corporation.

Во Топ-10 на најголемите енергетски компании влегуваат уште руската PJSC LUKOIL (6), Indian Oil Corp Ltd (7), американската Valero Energy Corp (8), Exxon Mobil Corp. (9) и францускиот Total СА.
Во рангирањето има вкупно 12 руски корпорации.

Најзначителен раст на показателите оваа година покажува бразилската Centrais Eletricas Brasileiras (Eletrobras), која се пресели од 193-то место во 2016 година на 47-мото место. Приходите на Топ-10 на најголемите светски енергетски компании скокнаa со повеќе од 30 % во споредба со претходната година, од 830.2 милијарди долари до над 1 трилиони долари.

Класификацијата е направена по 16-ти пат во 2017 година, и ги подредуваат компаниите врз основа на финансиските резултати на јавните енергетски компании со средства во вкупна вредност од повеќе од 5,5 милијарди долари. Во предвид се земаат индикаторите како активата, приходи, добивка и враќање на вложен капитал во 2016 година финансиска година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK