По стапките на Иџе: Виктор Давитковски ќе вози во TCR International серија

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски после 19 долги и возбудливи години поминати во класата Југо Спорт се одлучи да оди напред во кариерата, пишува brzkrug.com.

Од 2010 година Давитковски се натпреварува во српскиот шампионат во класата Југо Спорт попозната како “Хибрид” каде освои три титули и една титула со автомобил Honda Civic Type-R кој паралелно го возеше во Група Н до 2000 кубни сантиметри. Тој ќе ја претставува Македонија на Светско ниво во престижната TCR International серија, пишува brzkrug.com

TCR International серијата е најнапредната серија во областа на автомобилизмот на планетава која зема замав се повеќе и повеќе од година во година. Ова е трета сезона како постои тој шампионат, а во четвртата сезона влегува Давидовски со нов тим и нов автомобил Honda Civic Type-R со најнови спецификации за 2018 година. Автомобилот е купен и се подготвува во престижната фабричка тунинг компанија JAS Motorsport која е специјализирана компанија за склопување на тркачки Honda автомобили.

Поради овој крајно сериозен план тој ќе настапи на трка на издржливост која трае 12 часа и ќе се одржи на патеката Спа-Франкоршамп во Белгија од 6 до 8 октомври. На оваа трка тој за прв пат ќе се соочи со автомобил со TCR спецификации и тоа SEAT Leon, во склоп на Британскиот тим Zest Racecar Engineering, а ќе го дели автомобилот со уште двајца искусни возачи Прашант Тарани и Роберт Тејлор.

“После толку многу години поминати на балканските трки време е да ја претставиме Македонија на Светско ниво. Полека но сигурно се подготвуваме за следната сезона, автомобилот е уплатен, влеговме во првите 25 автомобили од најновата генерација на овој модел Honda Civic Type-R. Ќе настапиме на трка на издржливост која ќе се одржи на легендарната Ф1 патека Спа Франкоршамп, а тоа ќе биде најдобар тренинг и почеток на подготовките за следната сезона.” – ексклузивно изјави Давидовски за БрзКруг

Следете не и на:

24AUTO NETWORK