Alfa Romeo Stelvio – SUV со кој можете да се тркате

ОБЈАВЕНО НА:

Долго очекуваниот СУВ на Alfa Romeo наречен Stelvio конечно беше промовиран на саемот во Лос Анџелес. Новиот италијански кросоевр е базиран на истата Giorgio Платформа како и Alfa Romeo Giulia sedan.

Очекувано, дизајнот на предниот дел на Stelvio во голем амера е прекопиран од моделот Giulia. Обликот на фаровите и отворот на маската на ладилникот и браникот многу се слични со оние на седанот на Alfa Romeo, исто како и задните стоп светла.

При претставувањето на новиот модел од Alfa Romeo решија да ја прикажат прво нивната Топ верзија – Stelvio Quadrifoglio, со најсилниот мотор во понудата. Со 2,9 литарки твин турбо В6 кој испорачува 505 КС и 600 Нм вртежен момент што овозможува до 60 милји на час (96 км/ч) да забрза за 3,9 секунди и може да развие максимални 284 км/ч. Силата се пренесува на сите тркала преку осумбрзински автоматски менувач каде степенот на пренос се менува за 100 милисекунди.

Покрај најсилната верзија, моделот ќе нуди и верзија Ti, а двете варијанти имаат 2,0 литарски турбо четири-цилиндричен мотор што развива 280 КС, што му дозволува на автомобилот да постигне максимална брзина од 231 км/ч. Стандардно доаѓа со осум степен менувач и погон на сите тркала.

Во внатрешноста изгледот на кокпитот личи на внатрешноста на Guilia, со централно поставен екран за мултимедијалниот систем со димензии 6,5 инча во стандарна верзија, и 8,8 инча со доплата. На располагање е и Harman Kardon аудио систем со 14 звучници, а автомобилот е опремен со многу електронски ситеми за асистенција, меѓу кои се адаптивен темпомат, надгледување на другите возила во „мртов агол“ на возачот, предупредување на опасност од фронтален судар, систем за предупредување за напуштање на сообраќајната лента, а како опција има и предни паркинг сензор.

Stelvio веќе во основната понуда ќе има Chassis Domain Controller и познатиот DNA систем што го менува динамичкото однесување на автомобилот во согласност со она што возачот ќе го одбере како режим на возење. Моделот што беше претставен во Лос Анџелес има и Race мод за тркачака патека.

Европската премиера на Alfa Romeo Stelvio најверојатно ќе биде на саемот во Женева во 2017 година. Почетокот на продажбата и цените дополнително ќе бидат објавени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK