Нов тренд во Европа: Рекордно ниска продажба на дизелски возила

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците на Агенцијата JATO Dynamic покажуваат дека пазарното учество на дизелските автомобили во вкупнта продажба на возила во првата половина на годинава во Европа е намалено до рекордно ниска стапа од 45,3 отсто што е најниско ниво во последните 8 години. Статистиката за првите шест месеци од 2017 година покажуваат дека ново регистрираните дизелски автомобили во Европа се намалиле за 4,3 отсто до ниво од 3,8 милиони единици.

Од JATO Dynamic велат дека намалување на побарувачката на дизелски автомобили се забележува во Европа од 2012 година, а последните податоци се резултат и на тоа што бензинските автомобили почнаа да ги стигнуваат дизелите според потрошувачка на гориво, а хибридите и електричните возила почнуваат да добиваат на поголема смисла за купување и експлоатација, особено со оглед на многуте државни субвенции во голем дел од европските држави. Од друга страна, главни пазари на европскиот континентот ги објавија плановите за забрана на продажба на дизел автомобили.

Како резултат на тоа од JATO велат дека за прв пат во 9 години, побарувачката на бензински автомобили се зголемило и тоа со брзо темпо и нивниот удел за првата половина на годината бил поголем од оној на дизелските автомобили.

Во исто време, стабилен раст во регистрациите има и кај автомобилите со алтернативен погон во Европа. Од пазарен удел од 0,4 отсто во првата половина на 2008 година и 2,9 отсто за првото полугодие од 2016, на крајот на првите шест месеци од оваа година, нивниот удел е на ниво од 4,2 отсто.

Намалување на побарувачката на дизелски автомобили во последните 9 години се забележува на четири од петте главни европски пазар, а единствен исклучок е Италија. Како главен фактор за сѐ уште стабилната продажба на дизелски автомобили во Европа, според JATO е зголемувањето на интересот за СУВ возилата каде доминираат (57%) дизелски агрегати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK