Toyota работи на нов тип долготрајни батерии

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota работи на електрично возило што ќе биде придвижувано од нов тип на батерии што ќе овозможи и подолго возење и намалување на времето потребно за полнење. Истото возило и батериите би требало да се појават во 2022 година, пишуваа јапонските весници.

Возилото ќе има нов платформа, и батериите што ќе се користат ќе бидат наменети само за електричните возила. Батериите треба да бидат во тврда состојба, односно ќе користат цврсти електролити, а не течни, првенствено од безбедносни причини.

Најголем број на денешните литиум-јонски батерии им требаат најмалку 20-30 минути за да се наполнат до одредено ниво и да понудат автономија од 400 км. Toyota сака да го намали времето за полнење на ниво потребно на полнење на резервоар на автомобил со мотор со внатрешно согорување.

Долго време Toyota сметаше дека плаг-ин хибридите и водородните горивни келии се иднината, но лани компанијата реши да направи пресврт и да се фокусира на електричните возила.
Тојота се обидува да го намали јазот со лидерите во оваа сфера, како што се Nissan и Tesla, бидејќи автомобилите со батерии добиваат подршка низ целиот свет како остварлива алтернатива за конвенционалните автомобили без емисии.

Јапонската компанија планира да почне масовно производство на електрични возила во Кина до 2019 година. Првио тмодел би бил базиран на C-HR кросовер, што треба да биде ппреработен за да може да се смести електромотор и пакет батерии под подот на автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK