Кога баба вози Porsche Boxter GTS

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто се смета дека автомобилите што ги возеле „баби“ се најдобри за купување кога станува збор за половни возила. Бабите се очекува да возат нормално, полека и без многу „аздисување“.

Арно ама има и такви што секако сакаат да притиснат на педалот за гаста. Тоа е случајот со една 79 годишна госпоѓа кој била осудена откако била снимена како го управува нејзиниот Porsche Boxter GTS и тоа со 240 км/ч.

Пред судијата изјавила дека „не можела да спие, па излегле да се прошета“. Таа била фатена за брзо возење уште лани, но дури сега предметот стигнал пред суд. Кога била прашана дали навистина таа го управувала возилото изјавила дека тоа е таа, и дека не била свесна дека возела толку брзо, но не се противела на изречената казна.

Бидејќи дотогаш не била казнувана, добила забрана за управување возило од три месеци и парична казна од околу 4.000 евра.

Не секоја бабичка вози пензионерски.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK