На 17 октомври годинава во швајцарскиот град Тофен ќе се одржи годинешната аукција на олдтајмери “Oldtimer Galerie Toffen”.
На аукцијата ќе се најдат над 120 возила со најразлична година на производство и поминати километри чија вкупна вредност изнесува над 20 милиони евра.
Дел од аукцијата е и Alfa Romeo 1900 C Super Sprint од 1955 година со поминати 98.500 км. На аукцијата ќе се најде и Alfa Romeo Montreal од 1973 година со поминати 14.800 км.
Тука е и реткиот Buick Super 51 Sedan од 1948 година со 4 литарски мотор кој продуцира 108 КС.
Интерес предизвикува и военото транспортно возило Steyr-Puch Pinzgauer 712 6×6 од 1982 година кое е со 70 илјади поминати километри.
Целосната листа на засега пријавени возила можете да ја погледнете ТУКА.