Што ги нервира возачите на патот?

ОБЈАВЕНО НА:

Во секојдневното лудило во сообраќајот возачите имаат потреба од силни нерви. Луѓето со возилата се туркаат, се караат, се закануваат и тропаат.  Сепак, што всушност е на врвот на негативната листа на емоциите кај возачите? Германски ADAC сакаше да го знае ова и ги испита своите членови по ова прашање. На средина од истражувањето едно нешто веднаш стана јасно – поголем дел од испитаниците беа иритирани од однесувањето на другите.

Најмногу возачи се вознемирени, додека се вози премногу близу до нив со голема брзина. Дури 77 проценти од анкетираните го наведуваат ова како најголем вознемирувачки фактор. Одвлекувањето на вниманието од смартфонот (75 проенти), ненадејните вртења или спонтаните промени на лентата без трепкач исто така се рангирани високо (61 процент).

Точно 60 процени велат дека сообраќајниот метеж е стресен, но има и ситуации на автопатот за кои испитаниците сметаат дека се досадни, особено при претекнување. Тука често се споменуваат и претекнувања на бавните возачи на камиони (55 проценти) и претекнување оддесно на возачи на автомобили (54 проценти).

Учесниците во движењето со електрични скутери се новодојденци на патот веќе една година. Речиси една половина од анкетираните членови велат дека наоѓаат возачи на електрични скутери за досада на патот.

Заклучок: ADAC ги советува сите учесници во движењето, кои се вознемирени од однесувањето на другите да се обидат да реагираат мирно. Оние кои си дозволуваат да бидат провоцирани исто така се изложуваат и себе си на опасност. Ако планирате повеќе време за маршрутите, имате и временски тампон за непредвидени нарушувања и на овој начин ќе бидете со помалку стрес на патот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK