Во Германија ќе се гради град без автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Во близина на главниот град на Германија, Берлин ќе се појави град во кој автомобилите ќе бидат забранети, соопштува Diе Wеlt. Букoвeр Фeлдeр ќе  се наоѓа на површина од 16 хектари и нема да располага со инфраструктура за моторни возила.

На териоријата на градот ќе бидат поставени 40 блока со 900 апартмани,  кои ќе бидат издавани по цена од 6,5 до 10 евра за метар квадратен. Сите згради ќе бидат опремени со системи за затоплување со минимални емисии на јаглерод диоксид, а просторот меѓу блоковите ќе бидат засадени со дрвја.

Место улици во Букoвeр Фeлдeр ќе има само ленти за пешаци и велосипеди. Сопствениците на автомобили ќе треба да ги остават на паркинзи надвор од градот. Секој жител ќе добие не повее од едно паркинг место на 125 квадратни метри простор за живеење.

Изградбата почнува следната година и би требало да заврши во 2024 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK