Коронавирусот не е повеќе проблем – повторно растe на продажбата во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Се чини дека коронавирусот повеќе не е проблем во Кина кога е во прашање продажбата на нови возила. По катастрофалните и рекордно најниските продажби забележани во март годинава, продажбата на нови возила четврти месец по ред бележи пораст.

Така во јули годинава остварен е пораст од 14,9% со што продажбата на нови возила достигна 2,08 милиони приероци, соопштуваат од CAAM (China Association of Automobile Manufacturers).

Од почетокот на годината до крајот на јули остварена е продажба од 12,3 милиони примероци што претставува пад од 12,7% споредбено со истиот период минатата година, што беше очекувано поради лошата продажба остварена во првите три месеци од годината.

Најголем придонес за брзото закрепнување на пазарот на нови возила има успешноста на Кина во борбата против коронавирусот како и пост-корона мерките со кои се стимулираат жителите да купуваат нови возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK