Volkswagen започна со производство во Гана

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Групација и официјално го означи почетокот на работењето на својата прва фабрика во Гана. Оваа фабрика следи откако германскиот производител потпиша партнерски договор со Universal Motors, компанија од Гана која е партнер во овој проект.

На почетокот годишното производство ќе изнесува 5.000 автомобили, но целосниот капацитет кој се цели да се постигне изнесува 300.000 нови возила годишно. Ова за медиумите го изјави првиот човек на новоформираната компанија VW Ghana, Џефри Опонг Пепрах.

Причината зошто е одбрана оваа земја е поради брзорастечкиот пазар на нови автомобили, но и поради фактот што земјата значително го редуцираше увозот на половни автомобили со цел да се стимулира купувањето на нови автомобили. Дополнително, Гана се вбројува во една од најбрзорастечките економии во Африка.

Ова е трета фабрика на Volkswagen во Африка. Пред две години со работа започна фабриката во Руанда, а од претходно оперативно функционира и фабриката во Јужна Африка. Во периодот од 1975 до 1992 година функционираше и фабриката во Лагос, главниот град на Нигерија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK