Amazon ќе продава автомобили онлајн

ОБЈАВЕНО НА:

Amazon планира да го нападне малопродажниот пазар со автомобили во Европа со дигитална платформа за онлајн продажба на автомобили, најавува порталот Automobilwoche.

Интернет гигантот за проектот го регрутираше Кристоф Моелер, партнер во консултантската куќа Oliver Wyman. Моелер беше одговорен за автоиндустријата до февруари годинава.

„Во Amazon јас сум задолжен за дел од бизнисот за европскиот пазар“, вели Моелер.

Amazon инвестира големи износи во новиот оддел, со кој ќе управуваат од Луксембург и ќе стартува со продажба на возила во Велика Британија.

„Познато ми е дека Amazon има планови во овој сектор’, изјави портпарол на Fiat Chrysler. Hyundai, Opel и Fiat имаат искуство во продажба на автомобили преку Amazon, а во моментов можно е преку Amazon да добиете на тест возење модели на Mercedes.

Портпаролот на Аmazon одби да го коментора европскиот план на компанијата и не е јасно дали сервисот ќе понуди половни или нови возила.

Компанијата минатата година најави договор за продажба на Fiat возила преку италијанската верзија на Интернет сајтот, а годинава во март програмата продолжи и се прошири со можност за долгорочен лизинг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK