FCA со загуба од над милијарда евра во вториот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobilies (FCA) и натаму продолжува со лошите финансиски перформанси. Според официјалните финансиски извештаи на компанијата, во вториот квартал италијанско-американскиот производител оствари него загуба од 1,048 милијарди евра.

За споредба, во вториот квартал минатата година FCA оствари позитива од 793 милиони евра што вистински ја отсликува големата загуба во вториот квартал годинава.

“Продажбата забележа голем пад поради мерките поврзани со пандемијата кои го стопираа производството и побарувачката” стои во соопштението на компанија.

Мајк Менли, првиот човек на FCA во изјава за медиумите потенцираше дека компанијата успеала да се сноси со последиците од кризата и дека и натаму ќе продолжат со спроведува на оперативниот план кој треба да ја подобри финансиската слика до крајот на годината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK