Иако производството сеуште не е започнато, интересот што го предизвикува кај купувачите прави моделот Bronco да ги има сите предуслови за нов бестселер на американскиот производител.
Доволен доказ за тоа е фактот што досега на адресата на Ford пристигнати се 230.000 нарачки за овој модел.
Ова е и повеќе од одлична бројка ако се знае дека директниот конкурент на Bronco, Jeep Wrangler минатата година оствари продажба од 22 илјади примероци, за цела година.
Почетната цена на овој модел кој беше премиерно прикажан минатиот месец изнесува 28.500 долари.
Повеќе за овој модел можете да прочитате ТУКА.