ADAC тест – кој работи најдобро во мрежа?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу инфо забава, гласовна контрола, плус навигација без сообраќај, тоа го очекуваат корисниците од современите „поврзани“ автомобили. Сепак, како изгледа тоа во понудите на пазарните понуди во компактната класа? Тоа за задача си го поставија испитувачите на германскиот клуб ADAC и неговите партнери.

Според нив, BMW Series 1 нуди најдобра концепција во однос на функционалноста и употребливоста, следена од Mercedes A-Class и Audi Q3 Sportback. Германските производители на премиум автомобили исто така се пред другите во оваа област. „Другите превозни средства не беа многу убедливи според ADAC. Најлошо оценетата Mazda на пример дури не нуди ни сензорски дисплеј“.

Тестовите беа спроведени во четири категории: инфо забава (кориснички интерфејс и забава), навигација, побрзаност (опции за мрежа) и леснотија во користењето. Имаа голем број поени на интуитивниот дисплеј и концепција за работа.

M135i xDrive импресионираше со удобната работа, големи дисплеи со висока резолуција, вклучувајќи и head-up дисплеј и апликација за смартфон со многу функции. За да можете да го користите целиот пакет, сепак, кон основната цена од 48.900 евра за дигирално радио, контролата на гестовите и професионалниот бризни пакет се доплаќаат уште 3.650 евра.

И покрај тоа, според тестерите, Mercedes A250 постави нови стандарди во зголемената реалност што се однесува до навигацијата, Audi Q3 и BMW, пак, нуда и фотографии од сателит. „Нема да се најде така сложен дисплеј на друг тест автомобил“, велат испитувачите на клубот. „Дури нема и во Golf 8 (4. место), иако Volkswagen го рекламира со особено висок степен на работа во мрежата“.

Јасна критична точка во студијата е истражувањето дека ниту еден од кандидатите не нуди CD уред, дури и како опција. Со оглед на тоа што дигиталното радио сè уште не е достапно во серијата, ADAC советува тој да биде дополнет исто така и поради вредноста на продажбата. Важно нешто од гледна точка на клубот е можнота сите тест средства поврзани со мрежата на тестирани превозни средства, употребата на податоци да може да биде деактивирана преку приватниот режим.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK