Има 78 години и – ужива во возење на суперспортскиот McLaren со 710 КС (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот McLaren 720С е меѓу најбрзите автомобили на пазарот, и по него „се палат“ многу млади возачи. Но, тој беше примамлив и за еден 78 годишен Германец кој лани си купил таков модел. И за разлика од некои други кои сигурно би го чувале возилото во гаража и би се фалеле, Хенри Харфелд си го вози секојдневно.

Доказ за тоа е што само тој има изминато околу 4.000 км. со McLaren 720S. Хенри има искуство со вакви „брзи и бесни“ коли, и е сопственик и на AC Cobra и на Ford GT40. Но, McLaren е најбрз во неговата колекција а тој не се плаши да притисне на педалот за гаста.

Возилото има 4.0 литарски твин-турбо V8 мотор што произведува 710 КС. Има седум степен менувач со двојна спојка а силата се пренесува на задната оска, и благодарение на доброто тјунирање овој модел има повеќе сила од хибридниот McLaren P1 иако тој има 200 КС повеќе.

Примерот покажува дека за брзи коли нетреба да се биде само млад, туку треба да се има желба и пред се да се внимава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK