Германците со петиција – Да се врати Lada!

ОБЈАВЕНО НА:

Пред неполн месец рускиот производител Авто-ВАЗ соопшти дека од германскиот пазар како и од останатите европски пазари во целост ќе го повлече брендот Lada.

Ова произелгува како дел од новиот стратешки план на Renault Групацијата и пазарната дистинкција помеѓу Dacia и Lada како и строгите WLTP процедури за издувните гасови.

Тоа очигледно не им се допадна на германските фанови кои започнаа со петиција за врќање на Lada во Германија. Оваа петиција е покренета и за поддршка на локалниот дистрибутер Lada Deutschalnd, а анкетата е објавена на интернет сајтот https://weact.campact.de

Во описот се наведува дека Lada мора да се врати во Германија и Европа бидејќу нуди широк асортиман на модели, ценовно достапни за сите. Се потенцира и големата популарност на овој бренд кој 40 години беше застапен на овој пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK