Англиската компанија за тјунирање Mountune откри детали за новиот пакет m330, дизајниран за актуелната генерација на спортската верзија ST на Ford Focus.
Стандардната верзија на Ford Focus ST е опремена со 2.3-литарскиот EcoBoost бензин турбо мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 280 коњски сили и максимален вртежен момент од 420 Нм, и да забрза од 0 до 100 км/ч за помалку од 6 секунди. Цената на пакетот на Mountine е 599 англиски фунти, а пакетот m330 ветува зголемување на максималната моќност и вртежен момент од 50 коњски сили и 95 Нм.
„За нас е задоволство конечно да го лансираме пакетот m330, кој ја подобрува моќноста и претставувањето на еден сам по себе веќе одличен автомобил, вели Алек Пил-Џонсон, кој е директор на Mountune Performance.
Друга предност на пакета m330 е специјалната апликација на мобилните телефони mTune SMARTflash, која им дава можност на корисниците да ги контролираат параметрите за работа на својот автомобил директно од удобноста во својот дом.
Од Mountune предвиделе можност клиентите да можат да избираат меѓу три режими на моќност: зголемување на максималната моќност и вртежен момент, Stock Performance, за враќање на фабричките параметри и Anti-Theft, кој го блокира стартувањето на моторот.