Олдтајмери вредни 2 милиони фунти пронајдени на имот во Швајцарија

ОБЈАВЕНО НА:

Неверојатна колекција од 12 олдтајмери од луксузни производители се откриени на имот во Швајцарија, а нивната вредност се проценува на околу 2 милиони фунти. Rolls-Royce Silver Ghost од 1921 година и Mercedes-Benz од 1958 година се дел од ѕвездената флота, во која има и модели на Lamborghini и Maserati.

Се чини дека љубителите на класични автомобили го најдоа својот „Свети грал“ на имотот на починат богат вљубеник во олдтајмерите. Се претпоставува дека првите примероци од колекцијата се купени во педесетите години од 20 век, а автомобилите беа заборавени на имотот до минатата година, кога ги најде синот на починатиот сопственик.
До крајот на месецов целата флота ќе се понуди на аукција.

Највисоки цени се очекува да постигнат Rolls-Royce Silver Ghost Double Phaeton од 1921 година и Mercedes-Benz 300SI Roadster од 1958 година, чија поединешна вредност се проценува дека се движи од 508 илјади фунти до 678 илјади фунти.
Mercedes-Benz 300SI Roadster има посебна вредност за колекционерите на стари возила бидејќи бидејќи овој модел следната година го прославува 60. роденден.

На аукцијата ќе се најде и модел на Rolls-Royce Phantom II од 1934 година – вреден од 68 илјади до 102 илјади фунти, Lamborghini GT Espada со четири седишта – вреден од 59 илјади до 85 илјади фунти, како и најбрзиот најбрзиот автомобил произведен од Maserati, моделот Ghibli SS кој може да достигне брзина до 280 км/ч, а проценет од 85.000 до 127.000 фунти.

Ова е целата колекција пронајдена на имотот во Швајцарија: од 1921 година Rolls-Royce Silver Ghost Double Phaeton, од 1958 година Mercedes-Benz 300SI Roadster, Maserati Ghibli SS, од 1980 година Aston Martin Volante, од 1934 година Rolls-Royce Phantom II, Lamborghini GT Espada, Maserati Indy America, од 1967 година Maserati Series II Quattroporte, од 1972 година Jaguar E-Type Series 2 V12, од 1970 година Jaguar E-Type 4.2, од 1981 година Mercedes-Benz 500 SLC Coupé, од 1973 година Ford Mustang.

Аукцијата е закакажана за 21. мај во Белгија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK