Како изгледа легендарната реклама за Zastava 101 од 70-тите години

ОБЈАВЕНО НА:

Застава беше национално возило во поранешната држава, а моделот 101 секојдневие на улиците. Но, и во минатиот век во СФРЈ луѓето требаше да се убедат дека тие автомобили се добри. Се рекламираа, а некои од тие реклами се сочувани и сега.

На снежни терени беше избрана сценографијата како од легендарното рели Монте Карло. Во тоа време, во рекламата зад воланот на 101 седел словенечкиот тркач Маријан Каушиќ, кој се погрижи возилото да лета привлечно на снежен пат.

Погледнете ја извонредната словенечка реклама со 101 која е снимена во 1970-тите години.

Овој автомобил се произведувал од 15 октомври 1971 до 20 ноември 2008 година и произведен е во повеќе милиони примероци. Милионскиот „101“ е произведен во 1991 година, а рекордната годишна бројка на производство е 88.918 возила и тоа во 1979 година.

Се произведувал со пет и со три врати, со мотор од 55 коњски сили и зафатнина од 1.100 кубици. Во тоа време секако било важно да му се покаже на народот за каков автомобил се работи, па оттаму и оваа реклама која што покажува дека тоа бил автомобил за сите годишни времиња.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK