Според германски TUV: Кои се најдобрите, а кои најлошите автомобили стари три години

ОБЈАВЕНО НА:

Голем број од возачите сметаат дека е поразумно да си купи автомобил на 2-3 години отколку нов. На тој начин солидно се заштедува, а тоа настапува веднаш штом ќе се напушти салонот.

Исто така има и доста задолжителни трошоци со кои дилерите ги оптоваруаат своите клиенти.

Во исто време се добува уште еден нов, актуелен автомобил кој е способен да се вози неколку години без да има потреба од ремонт.

НАЈДОБРИ 13 АВТОМОБИЛИ СО СТАРОСТ ОД 2-3 ГОДИНИ

Mercedes GLC

Просечен процент на дефекти: 2,17%

Просечна километража: 56.000 км

Дали е така навистина? Ако се суди според рангирањето направено од TUV – тоа зависи од автомобилот. Секоја година, германската агенција за технички инспекции (Technischer Uberwachungsverein) ја објавува својата статистика за направени ремонти кај различни модели, а истата е базирана на 9 милиони автомобили во Германија.

Кај автомобилите стари три години на прв поглед впечаток остава целосната доминација на германските брендови: со десет претставници во Топ 12. Тука за првпат Porsche 911, незаменливиот лидер во другите возрасни групи, го отстапува првото место на Mercedes GLC. Mercedes има седум претставници во Топ 25, а Audi шест.

Audi A6 2016, TUV

Ако се земе предвид просечната километража, Audi A6 исто така се реди меѓу најдобрите. Има 3,5% констатирани дефекти споредено со 2,2% за второто место на Porsche 911, но со трипати повеќе изминати километри (81.000 спроти 25.000)

Честа на јапонската автомобилска индустрија е банета најмногу од Mazdа (6. место за CX-3), Honda (12. место за Jazz) и Suzuki (пласман во втората десетка за SX4 и Vitara), додека Toyota првпат во поновата историја на својата ранг листа нема претставник во Топ 20.

Јапонските автомобили се наоѓаат во првата половина, но има неколку очигледни исклучоци како на пример произведената во Англија, Honda Civic (едвај на 93. место) или Mazda 6, која дури не се наоѓа ни меѓу првите 100.

Suzuki SX4
Многу добро рангирање за произведените во Унгарија, Suzuki SX4 и Vitara.

Skoda Superb, TUV

Skoda Superb и блискиот технолошки до неа VW Passat се редат во „црвената зона“ и тоа е доста разочарувачки со оглед на цената.

Оваа зависност е уште поочигледна во класа што најбрзо се смалува – на семејни миниван возила. Речиси сите овие претставници на тој тип автомобили се наоѓаат на самото дно на рангирањето, заедно со ниските цени на моделите Fiat и Dacia.

ДЕСЕТТЕ НАЈМАЛКУ БЕЗБЕДНИ АВТОМОБИЛИ – Просечен процент на дефекти %

VW Touran    9,8 %

Renault Kangoo    10,1 %

Seat Alhambra    10,2 %

VW Sharan    10,2 %

Dacia Sandero    10,3 %

Ford Galaxy    10,5 %

Hyundai Tucson    10,5 %

Ford Ka    10,7 %

Fiat Punto    10,8 %

Citroen Berlingo    11,2 %

Dacia Duster    11,7 %

Dacia Logan    13,6 %

Следете не и на:

24AUTO NETWORK