Секој трет германски половен автомобил со „штелувана“ километража

ОБЈАВЕНО НА:

Местењето на километража на половните автомобили е голем бизнис и многу ловци во матно заработуваат многу пари во таа дисциплина поради мамење на купувачите.

Францускиот автоклуб (ACA) и германскиот автоклуб (ADAC) тргнаа со голема кампања за борба против местење на километражата. Автоклубовите одлучија да го кренат својот глас и да ја предупредат јавноста, но и властите дека таквото однесување мора да биде санкционирано.

Тоа е многу важно и за купувачите на половни возила на Балканот бидејќи се проценува дека секој трет половен автомобил во Германија има наместена километража. Како што веќе е добро познато, Германија е еден од пазарите кој е најважен за купувачите на половни возила на Балканот.

Германците и Французите проценуваат дека на нивниот пазар се продава од 30 до 50 проенти половни автомобили со наместена километража. Затоа треба да бидете внимателни кога купувате половно возило од странство и добро да ја погледнете сервисната книшка.

Инаку, уредите со помош на кои километражата може да се мести можат да се купат на интернет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK