Макпетрол додели Honda H-RV од наградната игра на Верна и најави нови награди за 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Петта година по ред Макпетрол ја организира наградната игра во која своите потрошувачи ги наградува со различни производи, меѓу кои и со автомобили Honda.
Оваа година Макпетрол во наградната игра подари многу вредни награди и тоа: 9 лаптопи Dell, 18 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 90 ваучери за Lubex моторни масла, 90 ваучери за гуми, 90 ваучери за Crystal car средство за стакла, 90.000 ВЕРНА поени, косилка за трева Honda, скутер Honda, гумен чамец со приколка и мотор Honda и четрицикл ATV Honda.

Абдулах Јетиши со број на ВЕРНА картичка 356718, е добитник на главната награда, автомобилот Honda H-RV, а Ацко Арсовски со број на ВЕРНА картичка 242763 беше среќниот добитник на лап топ Dell.

Оваа година во наградната игра учествуваа над 1.500.000 трансакции што покажува дека потрошувачите го препознаваа квалитетот на производите и услугите на компанијата. Над 183.000 членови има семејството на Верна кои учествуваа во наградната игра.

„Заедничкото одбележување на 5 годишниот јубилеј од постоењето на ВЕРНА програмата за лојалност и доделувањето на наградите од финалното коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиj“ му дава уште поголемо значење на нашето денешно заедничко дружење. Наша заложба е дека и понатаму ќе се посветиме кон усовршување на Верна платформата со цел постигнување на уште поголеми поволности за нашите верни потрошувачи. Ни претставува особено задоволство што во овие денови на предновогодишна радост ќе ги збогатиме нашите потрошувачи со вредни награди од оваа наградна игра.“ – вели Мишко Тасевски раководител на скеторот Маркетинг во Макпетрол.

Од компанијата додадоа дека наградната игра ќе продолжи и наредната година, а повеќе детали ќе соопштат во друга прилика.

„Оние наши верни потрошувачи кои досега не беа дел од добитниците во наградната игра оваа година, би сакал да ги охрабрам да продолжат да точат гориво на бензинските станици на Макпетрол и да ги користат дополнителните содржини кои ги нудат нашите бензински станици. Идната година ќе донесе уште повеќе можности за добивка, награди и акции.“ – додаде Љупчо Георгиевски, директор на Дирекција за малопродажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK