Хамилтон со необично барање до Mercedes

ОБЈАВЕНО НА:

Вториот најтрофеен Формула 1 возач, британецот Луис Хамилтон испрати невообичаено барање до Mercedes-Benz – да не користат повеќе кожа во внатрешноста на автомобилите.

“Mercedes-Benz е огромна организација, а јас разговарав со директорот со цел да видиме што може да се направи околу исфрлање на кожата од автомобилите. Сакам да бидам дел од системот кој ќе помогне на светот и да направам нешто позитивно за иднината” изјави Хамилтон.

Тој во интервју откри дека пред некоја година станал целосно веган и поради тоа се чувствува подобро, физички и ментално од било кога претходно.

Инаку во автомобилската индустрија постои тренд на напуштање на кожата во ентериерот. Така Tesla е првиот производител кој ја претстави синтетичката кожа како опција за моделот X, а и Audi и Bentley во моментов ги разгледуваат овие можности. Некои производители, кај некои свои модели воопшто и не нудат опцијата за кожа во ентериерот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK