Автомобилите на Google Street View поминале над 16 милиони километри

ОБЈАВЕНО НА:

Google објави интересен податок според кој автомобилите кои го овозможуваат сервисот Street View поминале 10 милиони милји односно над 16 милиони километри.

Оваа услуга, овој технолошки гигант ја овозможи пред 12 години, а сликата од градиштата, селата и другите области од над 50 различни земји ги овозможија над 200 автомобили.

Најголем дел од автомобилите кои се користени за овој проект се од брендот Opel. Тука се и Chevrolet, Saab, Suzuki, Toyota, Hyundai…

Во моментов преку Street Views може да се “патува” низ 83 земји ширум светот. На листата се наоѓа и Македонија чиј улици за прв пат беа снимени во 2014 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK