Ваков мост немате видено: Кружна градба која има цел да ја намали брзината!

ОБЈАВЕНО НА:

Мостовите и вијадуктите главно се обидуваат што поедноставно и пократко да ги спојат двете точки. Сепак, мостот во Уругвај, Laguna Garzon, кој ги спојува градовите Малдонадо и Роча е од посебен вид и најмногу потсетува на кружен тек на вода.

Неговата изградба чинела 8,9 милиони евра, а е дело на архитектот Рафаел Вињола, кој го креирал и облакодерот во Њујорк, 432 Park Avenue.

Самиот Вињола за овој мост вели:

„Идејата беше да се намали брзината на возилата на мостот и да се овозможи поубав панорамски простор, како и да создаде простор за пешаци во средина“.

Мостот е изграден во 2016 година, а освен практичните вредности станал и туристичка атракција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK