Прогласен автомобилот на годината во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota RAV4 е прогласен за автомобил на годината во Јапонија, објави организацискиот одбор кој на свечена церемонија го додели ова признание.

Овој модел на Toyota заврши на првата позиција со 436 гласови односно освои 108 гласови повеќе од второпласираната Mazda 3. На третата позиција се најде BMW серија 3 со 290 гласови.

Ова е девета награда на Toyota во Јапонија откако претходно со оваа награда се здобија моделите Prius, iQ, Vitz, Altezza, Prius, Celsior, MR2 и Soarer.

На оваа церемонија награда доби и серијата 3 на BMW кој беше изгласан за најдобар увозен автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK