Cadillac во офанзива: За 4 години планирани 8 нови модели

ОБЈАВЕНО НА:

Cadillac сака да биде во друштво на големите играчи во луксузниот сегмент, но за да биде таму потребно е во портфолиото да има и поголема понуда на производи. Но, за среќа постои план околу натамошна експанзија.

Според пишувањето на медиумите американскиот луксузен бренд има планови за промовирање на најмалку осум нови модели, и сите да бидат понудени најдоцна до 2021 година. И половина од нив треба да бидат кросовери.

Профитабилниот Escalade ќе продолжи како камионет со СУВ изглед, со пософистицирана суспензија и помоќни моторои. Другите би требало да имаат повеќе изглед на автомобили.

Моделот XT1 (или XT2) е подготвен за пристигнување во 2020 година и би требало да биде на линија со BMW X1 и Mercedes GLA. Пред тоа можеме да го очекуваме XT4 ќе се појави по X3 и GLC. Следната генерација на XT5 ќе биде промовирана во 2021. Ќе има и XT7 (или XT8) како знаменосец во понудата позициониран да биде ривал на BMW X7 што допрва треба да пристигне и Mercedes Benz GLS.

Ако тоа не е доволно, Cadillac планира и повеќе патнички возила, повеќето од нив на седани со четири врати, и 2021 година е најавена како време да се појави ривалот на BMW 1, и нивниот предизвикувач би требало да биде или CT1 или ЦТ2, но дури откако би дошол CТ3 кој е ривал на Мercedes CLA. Се очекува и CT5 да го замени сегашниот CTS во 2019 кој ќе биде позициониран меѓу CT6 и CT8 седaн.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK