Како да ги одмаглите стаклата на автомобилот? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Одржувањето на пријатна температура во автомобилот главно подразбира и борба со замаглени стакла без оглед на тоа каква е климата во местото во кое живеете. Ако сте во студени предели, веројатно користите греење во автомобилот што може да има за последица замаглување на стаклата одвнатре.

Во топлите краеви приказтата е спротивна. Употребата на клима поради разладување на кабината на автомобилот може да доведе до замаглување на стаклата однадвор.

Дали тоа значи дека ви нема спас? Секако дека не. Затоа е добро да се знае што треба да се направи во наведените ситуации.

ШТО ДОКОЛКУ НАДВОР Е ПОСТУДЕНО ОТКОЛКУ ВО АВТОМОБИЛОТ?

Кога е ладно надвор сета влага е во внатрешноста на автомобилот, која се создава со дишењето на патниците или од снегот нафатен на чевлите кога доаѓа до допир со воздухот покрај прозорците, чија температура е под точката на мрзнење и на тој начин се претвора во кондензација. Таа е заслужна за замаглувањето на стаклата одвнатре.

Во тој случај направете го следното:

Засилете го греењето на максимум со оглед на тоа што топлиот воздух може да прими повеќе влага. Вклучете ја климата за да ја извлечете влагата од воздухот. Исклучете ја опцијата за циркулирање на воздухот во внатрешноста за да овозможите доток на сув воздух во автомобилот. Отворете ги прозорците на неколку минути за да го замените внатрешниот влажен воздух со сув однадвор.

Ако сте во потрага за побрзо и поелегантно решение за одмаглување на стакла по студено време тогаш притиснете го копчето за одмаглување на стаклата, а потоа вклучете и греење и насочете го кон шофершајбната, за да се акумулира влагата која има испарено. Кога е во прашање задното стакло, едноставно притиснете го копчето за негово одмаглување и пуштете ги грејачите кои се наоѓаат на стаклото да ја завршат работата.

Не заборавајте дека кога надвор е ладно, држете ја вклучена опцијата за циркулирање на воздухот во внатрешноста од возилото за вашиот автомобил да не го „процесира“ внатрешниот влажен воздух туку да би добивал свеж воздух однадвор.

ШТО АКО НАДВОР Е ПОТОПЛО ОТКОЛКУ ВО АВТОМОБИЛОТ?

За разлика од ладните временски услови во кои кондензацијата на влагата се манифестира од внатрешната страна на стаклата, во топлите денови кога температурата и влагата надвод од автомобилот е поголема од температурата и влагата во внатрешноста на возилото, а климата работи, тогаш влагата се кондензира од надворешната од надворешната страна на стаклата.

Во овој случај, еве што треба да направите:

Вклучете ги бришачите, за да ја тргнете кондензацијата сè додека не ја израмните внатрешната со надворешната температура. Загрејте го автомобилот така што ќе ја подесите климата на минимум, а доколку тоа не даде резултат, целосно исклучете ја. Оставете ја опцијата за циркулирање на воздухот во внатрешноста на кабината исклучена, за да може внатрешната температура и влага да се израмнат со надворешните температура и влага.

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ

Постојат и чекори кои можете да ги преземете, за да го отежнете процесот на замаглување на стаклата на автомобилот:

-Перете ги и чистете ги стаклата редовно, со оглед на тоа што честичките прашина допринесуваат за создавање на кондензација;

-На испраните и исчистени стакла нанесете средство против замаглување;

-Тргнете ги влажните предмети од автомобилот, за да не се зголеми концентрацијата на влага во воздухот;

-Заменете го филерот за довод на воздух во кабината ако е запушен и валкан бидејќи во спротивно нема да може да се исфрли влагата од автомобилот;

-Проверете во професионален сервис дали стаклата на автомобилот се добро „запечатени“, во случај неодамна да сте ги замениле, за да бидете сигурни дека не овозможуваат продор на водата.

ВОЗЕЊЕТО СО ЗАМАГЛЕНИ СТАКЛА НЕ Е БЕЗБЕДНО

Замаглените стакла ја ограничуваат прегледноста на патот, па на тој начин претставуваат опасност по безбедноста во сообраќајот. Поради тоа се надеваме дека ќе ги искористите советите и ќе научите како брзо и едноставно да ги одмаглите стаклата на вашиот автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK