Како да го зголемите животниот век на бришачите за автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Бришачите се значаен дел од нашиот автомобил. Тие се оние кои треба да ни го олеснат возењето во одредени временски прилики, пред се кога има дожд. Но дали е тоа така?

Колку тие ќе бидат “верни” на нашите потреби е еднакво пропорционално на тоа колку ние се грижиме за истите.

За да го продолжите животниот век на бришачите потребно е да внимавате на неколку работи. Најпрво, никогаш не ги вклучувајте бришачите на суво стакло. Поради тоа што е суво, а воедно и валкано, со вклучувањето на бришачите, може да се оштети гумата на истите, но и стаклото да се изгребе.

Исто така не ја вклучувајте опцијата за миење на шофершајбната доколку немате течност. Оттука потребно е често да се проверува нивото на течност за миење, но и да се одржува хигиената на шофершајбната.

Се препорачува да и пред вклучување на прскалките, а доколку има голем и тврд измет, истиот да го отстраните мануелно бидејќи изметот и другите наноси може да ги оштетат гумиците.

Во зимно време, никогаш не ги вклучувајте бришачите доколку има снег. Доколку истиот е стврднат тогаш можете да ги оштетите и моторчињата. Доколку пак шофершајбната е замрзната, со вклучување на бришачите значително ќе ги оштетите истите.

За да го продолжите животниот век, потребно е често да ги миете со чиста вода или со специјални средства. Често кога се пере автомобилот, на бришачите не им посветуваме многу внимание па поради тоа на нив се таложи прашина која со текот на времето се стврднува. Токму поради тоа потребно е да се грижиме за нивната хигиена.

Доколку се оштетени гумите на бришачите тогаш можеме да користиме и обновувач на бришачи за автомобил. Тоа е мал алат со кој се сече дел од гумата со цел бришачот да добие рамномерна, неоштетена гума.

Менувањето на бришачите сепак се препорачува на две години, а најдобро е тоа да се направи по завршувањет на зимата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK