Focus Electric – Додека пиете кафе вашата батерија ќе се наполни

ОБЈАВЕНО НА:

Ford Focus Electric е едно од 13-те нови глобални електрични возила што Ford ќе ги претстави во следните пет години. Додека го пиете вашето кафе, батериите на Ford Focus Electric за 30 минути ќе се наполнат до 80 отсто. Со овој автомобил со пет врати со едно полнење може да минете до 225 км.

Со новиот капацитет за брзо надополнување и подобрена батерија, новиот Focus Electric има нулта емисија на штетни гасови и е семеен автомобил со голем распон на возење и лесна практична употреба во реалниот свет.

Новиот Ford Focus Electric со 5 врати има електричен мотор со моќност од 107 киловати и батерија со 33,5 киловати на час – речиси 50% поголем капацитет од досегашниот модел. И батеријата и моторот функционираат на течно загревање и ладење, овозможувајќи Ford Focus Electric да троши помалку енергија и да ја продолжи трајноста на батеријата.

Новиот полнач за брзо полнење го употребува индустрискиот стандард на Combined Charging System (CCS) на возачите да им овозможи да го приклучат нивниот Focus Electric во брзо директно полнење на паркинг или каква било стоп станица во цела Европа, овозможувајќи полнење до 80% за време од 30 минути.

Употребувајќи го истиот полнач на 32 ампери во домашни услови, потрошувачите можат да го наполнат Focus Electric толку што ќе извози 225 км за време од 5 часа или околку 150 км за 3-4 часа возење. Истражувањата покажуваат дека 80% од возачите патуваат помалку од 100 км дневно, а просечната дистанца на дневни патувања со автомобил изнесува 46 км.

Покрај поголемиот распон на возење и брзото полнење, новиот Focus Electric го доставува најновиот систем за конектирање – SYNC 3, кој овозможува возачите да ги контролираат аудиото, навигацијата и полнењето на смартфоните, употребувајќи едноставни разговорни гласовни команди компатибилни со Apple CarPlay и Andoid Auto.

Возачите на Focus Electric кои имаат паметни часовници, едноставно, може да погледнат на часовникот и да го проверат статусот на автомобилот, употребувајќи ја MyFord mobile startwatch апликацијата. Апликацијата овозможува сопствениците да го најдат патот до својот автомобил, да го заклучат и отклучат од дистанца, да го проверат распонот на возење и да добијат клучни информации за нивното најбрзо патување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK