Освежување за Toyota Yaris со 900 промени

ОБЈАВЕНО НА:

Лани третата генерација на Toyota Yaris ја купија повеќе од 200.000 луѓе во Европа, што претставуваше зголемување од 6,5 отсто. За да се зацврсти овој успех компанијата направи фејслифт на моделот што ги чинеше околу 90 милиони евра. При освежувањето беа сменети повеќе од 900 делови на возилото. Продажбата на рестилизираниот Yaris ќе почне веднаш по саемот во Женева, што е закажан за почетокот на следниот месец.

Визуелно, предниот и заден дел се така дизајнирани да му дадат на моделот спортски и подинамичен изглед гледано од страна. Ова е постигнато со новите светла, трапезоидна решетка, ревидираната задна врата, заден браник и карактеристични ЛЕД светла. И дополнителни две бои за каросеријата се додадени во европската понуда, и тоа Hydro Blue и Tokyo Red.

Внатрешноста на освежената верзија на Yaris исто така профитираше од многуте новитети, вклучувајќи и нов 4.2 инчен колор екран, волан со три крака, отвори за вентилација во вид на пропелери и сина илуминација на инструментите. Голем број на различен теписон и опции за трим бои се исто така вклучени.

Во однос на мотори, Тојота го префериа 1,33-литарски мотор во корист на 1,5-литарски четири цилиндричен со природно ладење што испорачува 111 КС и 136 Нм вртежен момент. Ќе има и „силна“ верзија со три врати и 1,6 турбо со 213 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK