Проблемите што ги има VW во САД не се причина одделот на Audi да не го подобрува својот имиџ преку Атлантикот. А најдобар начин е секако да се биде присутен на еден од најголемите спортски настапи финалето на Super Bowl, во американски фудбал (рагби):
Тој спортски настап го следат повеќе од 100 милиони гледачи. Audi засега не открива што ќе рекламира, колку време, и колку тоа ќе го чини. Но, на овој настан секундите се мерат во милиони долари.
За Audi ова е втора година по ред да биде присутна на Super Bowl, заедно со Kia и со Honda кои исто така го потврдија своето присуство.
Лани Audi на Super Bowl го рекламираше R8.
https://www.youtube.com/watch?v=diU_09jb4bI