Први видеа на новите Arteon, Tiguan Allspace и Up GTI

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen ги објави првите видеа на нивните следни модели Arteon, Tiguan Allspace и Up GTI што е предвидено да бидат претставени во текот на 2017 година.

Компанијата понаки неколку медиуми да ги возат нивните нови модели во Јужна Африка каде се работи на развој на моделите и на нивно тестирање во услови на топло време.

Новиот VW Arteon треба да биде замена за моделот CC како спортски брат на Passat, со изглед сличен на оној на Audi A7. Во VW велат дека и покрај ниско поставенио ткров, тие се во состојба да го направат моделотдоволно простран и да може да прими и повисоки патници на задните седишта, благодарение на поголемото меѓуоскино растојание на што е заснован овој модел.

https://www.youtube.com/watch?v=2MYXsnuywQk

Градското возило Up! сега ќе има и GTI верзија. Новата „жешка“ верзија на овој модел ќе биде со 114 КС и 1,0 литарски TSI мотор заедно со 6 степен мануелен менувач.

Последен во оваа фаза на промовирање е моделот Tiguan Allspace, што е долга верзија на нормалниот Tiguan, што треба да пружи дополнителни 110 мм. во меѓуоскиното растојание, и повеќе простор во внатрешноста, и опција за постоење на трет ред на седишта. така би можеле да се превезат вкупно седум патници. Новиот VW Tiguan Аllspace е потврден за деби на саемот во Детроит на почетокот на счедниот месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK