Volkswagen и Ford создадоа алијанса

ОБЈАВЕНО НА:

Концерните Volkswagen AG и Ford Motor Company потпишаа меморандум за создавање на стрешка алијанса. И двете компании коментираат дека не станува збор за размена на акции или промена на сопственоста туку за соработка во заеднички проекти со цел намачување на расходите за проектирање и производство.

Во прво време двата автомобилски гиганти ќе разработуваат леснотоварни автомобили. Водечка улога во тоа најверојатно ќе има Volkswagen, кој веќе завршува со работата на новите генерации на Caddy и Transporter.

Во перспектива Германците можат да му предложат на Ford и технологии од областа на создавањето на електромобили, за чиј развој во последните две години имаат вложено сериозни средства. „Синиот овал“, пак, е далеку понапред во системите за автономно управување и планира да пушти во продажба восила со автопилот пред 2021 година.

На Ford и Volkswagen не им е првпат да работат заедно. Во периодот од 1987 до 1995 година двете компании ја создадоа локалната фирма AutoLatina во Аргентина и Бразил, за да ја надминат кризата кризата на локалниот пазар.

За таа цел разменуваа платформи и агрегати. Volkswagen го продава хечбекот Pointer и седаните со две врати Apollo и Logus на база на Ford Escort/Orion/Verona, а во локалната гама на Ford се појавуваат Versailles и Royale.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK