Германскиот автомобилски концерн Daimler во иднина ќе им исплаќа дополнителен бонус на работниците ако ретко изостануваат од работа поради здравствени проблеми. Сумата што ќе ја добиваат работниците кои во текот на годината нема да изостанат поради одредено боледување ќе добијат по 200 евра.
Истовремено компанијата воведува и бесплатни здравствени прегледи со цел за превенција и рано откривање на болести.
Критичарите на оваа програма гледаат опасност, бидејќи сега работниците нема да пријавуваат болести и покрај нарушеното здравје, зашто мотивацијата е поголема.
Но во Daimler се испаќаат и големи годишни бонуси според остварената добивка. Според медиумите, годинава бонусот што треба да биде исплатен е 5.625 евра по вработен.