Веќе е добро познато и сосема јасно дека новите автомобили нудат подорба заштита за возачот и другите патници во споредба со возилата кои се произведени пред 20 или 30 години. Сепак, колку точно е подобра и посигурна таа заштита?
Националната агенција за безбедност на магистралите (NHTSA) во САД го објави своето истражување во кое се дадени податоци од краш тестовите со дополнување од статистиката за катастрофи, а акцентот е ставен на возраста на автомобилите, кои учествувале во инцидентите.
Разликите се навистина големи.
При тешки катастрофи на автомобили на возраст над 18 години загинуваат 50 проценти од учесниците во инцидентот, додека кај возила меѓу 15 и 17 години процентот е 44. Колку возилото е поново толку процентот е помал, па од 12 до 14 години се намалува до 41 процент.
Најдобрите резултати ги имаат автомобилите произведени до три години пред катастрофата и тука смртноста е 27 проценти, додека кај автомобилите од 3 до 7 години е 33 проценти, а 37 кај возилата од 8 до 11 години.
Анализата е направена при истрага на меѓу 30.000 и 75.000 возила.