Веќе е официјално: Lamborghini одлучи да прави хибриди

ОБЈАВЕНО НА:

Следната генерација на моделите на Lamborghini Aventador и Huracan ќе биде со хибридно придвижување. Тоа беше објавено во списанието Top Gear од страна на главниот извршен директор на Lamborghini, Стефано Доменикали.

Премиерата на следната генерација на двата модели треба да е во 2020 и во 2022 година. Прво треба да се појави наследникот на Aventador S, а до пред извесно време беше јасно дека колата ќе биде со V12 мотор. Huracan, пак, ќе биде со мотор V10, кој исто така ќе добива електрична помош, а и двата модели ќе имаат скромно максимално движење во однос на километрите.

Според она што е објавено, двата модели на Lamborghini можат да добијат елементи од хибридниот систем на Porsche Panamera Turbo S e-hybrid. Тоа значи дека ќе имаат електромотор со 134 коњски сили и литиум-јонски батерии со мож од 14 киловатчасови.

Сè уште нема официјална информација како во Lamborghini планираат да се изборат со основната слабост на секој хибриден систем, а тоа е додавањето на сериозна дополнителна тежина кон тежината на автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK