Audi освои седум награди на „Авто трофej 2016“

ОБЈАВЕНО НА:

Читателите на реномираниот магазин за автомобилизам „Авто цајтунг“ уште еднаш го прогласија Audi за лидер на пазарот, доделувајќи му највисоки оценки во седум категории при гласањето за „Авто трофеј 2016“.
Годинава највисоките почести отидоа кај моделите Audi A1, Audi Q2, Audi Q5, Audi A5 Sportback и Audi Q7, а автомобилскиот премиум бренд исто така ги освои првите места во категориите „најдобар дизајн“ и „најдобар бренд“.

Во гласањето на „Авто цајтунг“, кој оваа награда ја доделува по 29 пат, учествуваа околу 60.000 читатели на магазинот. Наградата „Авто трофеј“ е една од најпрестижните во автомобилската индустрија и се доделува за 24 различни категории. Audi е брендот кој годинава освои најмногу награди на овој натпревар.

Во анкетата на „Авто цајтунг“ , Audi A1 освои 29,6% од гласовите на читателите во категоријата на градско/мало возило, додека со 26,1% освоени гласови Audi A5 Sportback е водечки во средната класа автомобили.
Три модели на Audi добија највисоки почести меѓу SUV возилата. Audi Q2 победи со 28,1% гласови меѓу SUV модели до 25.000 евра, Audi Q5 со 28,2% кај SUV до 50.000 евра и Audi Q7 со 21% во категоријата на луксузен SUV.
Дополнително, Audi ги освои трофеите за „најдобар дизајн“ со 15,5% и „најдобар бренд“ со освоени 18% од вкупниот број гласови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK