Германија воведува патарини: Цените од 2,5 до 20 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Германија и Европската комисија (ЕK) се договорија за воведувањето специјални такси за странските возила што ги користат германските автопати

Минатата година парламентот на земјата го одобри воведувањето такси за странските возила што ги користат автопатите во земјата. Идејата датира уште од 2013 година, но Брисел беше против мерката со објаснување дека тоа претставува дискриминација која е спротивна на европските правила

Постигнатиот договорот предвидува Германија да воведе такси и за странските возила, но и за автомобилите на Германците со таа разлика што за нив надоместоците ќе се задржуваат со даноците.
Таксите се предвидува да се диференцираат во зависност од степенот на загадување кој е дозволен за автомобилите.

Минималната такса се предвидува да биде во износ од 2,5 евра за пропусници за 10 дена или налепница за движење по автопатите. Максималната цена за вакви пропусници ќе биде 20 евра.
Слични пропусници или налепници ќе има и за период од два месеца или за една година, а максималната годишна вредност на налепницата за странски автомобили ќе биде 130 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK