Тоуота подготвува летечко такси

ОБЈАВЕНО НА:

Раководните лица на Toyota одлучија да инвестираат во создавање на нов тип на транспортно средство, а станува збор за летачко такси. Притоа Јапонците нема да бидат сами во проектирањето на новото возило.

Сите проблеми ќе бидат решавани заедно со компанијата од Калифорнија, Joby Aviation. За создавање на летачкото такси веќе се подготвени 100 милиони долари.

Согласно соопштенијата од јапонскиот автомобилски производител, Joby Aviation планира да организира сериско производство на Joby S4 – кој ќе биде хеликоптер, автомобил и квадрокоптер во едно. Воздушното такси во блиска иднина со системот за вертикално летање е на 100 проценти еколошки чист вид на транспорт.

При движење квадрокоптерот ќе ја користи помошта на елетрични мотори, а ќе може да измине 240 километри без да бидат полнети акумулаторите. Притоа Joby S4 е двапати побрз и стопати потивок од традиционалниот хеликоптер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK