Рекордот за најголема сума која била добиена за продажба на примерок од некој автомобил го држи Ferrari 250 GTO произведено во 1962 година. Сумата е 52 милиони долари, а тоа е само еден од 39 автомобили од оваа верзија кои биле произведени.
Сега кога се поминати 56 години од производството на овој автомобил, шефот на Fiat Chrysler, Серџо Маркионе планира да се врати производството на автомобилот.
Нему му се допаднала идејата на Jaguar да пушти ограничена серија од моделот XKSS од 1957 година, која беше распродадена за само неколку часа. Успехот им влеа надеж на Британците дека ќе можат повторно да сметаат на шемата со 25 нови возила од произведените 75 од D-Type.
Примерот на Jaguar зарази неколку други компании. Aston Martin веќе произведе 25 возила од класиката DB4 GT и ги продаде за неколку секунди по цена од 1,7 милиони евра по примерок. Актуелниот сопстевеник на марката АС, пак, размислува да пушти 9 „кобри“ кои ќе бидат направени од оригинални делови од 62-та.
„Jaguar погодија во центарот, но да го обновиме производството на 250 GTO ќе биде навистина тешка работа, а и да се живее на стара слава е лоша навика. Ние располагаме со платформа и во следните години ќе имаме што да покажеме“, изјави Маркионе во Женева.
Оригиналниот мотор на моделот има работен обем од 3,0 литри и моќност од 300 коњски сили кои дозволуваат да се достигне максимална брзина од 280 км/ч.
Автомобилот бил проектиран за тркање, но има сертификат и за движење по пат. Секое возило е изработено рачно и се разликува од другите.