Американец чие име не се соопштува успеал да направи модификација на гордоста на автоиндустријата на некогашна Југославија, Yugo. Автомобилот кој има неколку измени може да достигне повеќе од 160 километри на час и тоа на мраз.
Делува неверојатно, но е вистинито.
Во возилото од околу 1.110 килограми Американецот уфрлил 5,4 литарски V8 агрегат со нитро вбризгување.
Тоа не била единствената модификација. Погонот е префрлен на задната оска каде што се ставени масивни гуми со неколку стотици шилци за да може да биде способен за „драг“ трки на мраз.
Ова „американско“ Yugo со сите подобрувања може да достигне брзина од 162,5 км/ч за 7,88 секунди. Да не се заборави ова е брзина достигната на мраз.
Стандардното Yugo SL се произведуваше со 1,1 литарски мотор од 55 коњски сили, а од 0 до 100 км/ч достигнуваше за околу 16 секунди.