четврток, 26 јануари, 2026 година

Зимата и електромобилот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

И со електричниотавтомобил можете успешно да ја минете студената сезона бидејќи и покрај некои мислења таа е доволно погодна за употреба во зима. Нормално во текот на оваа сезона електромобилот има потреба од повеќе енергија отколку преку летото бидејќи треба да се затопли внатрешноста, задните и предните прозорци и самата батерија.

Сепак, како возач можете да направите многу за да бидете сигурни дека дометот со едно полнење ќе биде доволен дури и во студените денови и дека батеријата е доволно заштитена. ADAC собрал некои од најважните совети за експлоатација на електромобилот во текот на зимата.

- Advertisement -

Возачите треба да знаат дека во просек ќе располагаат со десет до 30 проценти помал домет во зима, велат експетрите на ADAC. При подолги патувања загубата е пропорционално помалку значителн отколку при честите кратки патувања бидејќи во тој случај автомобилот почесто се лади и треба да се загрева.

Најголемиот дополнителен корисник на енергија е греењето на воздухот. Место да се затоплува целиот автомобил, подобро е да се вклучи затоплувањето на седиште и на воланот и да се насочи температурата на затоплување на пониско ниво, на пример на 18 место на 22 степени. Ако е можно, возаќите на електричните автомобили треба да ја загреваат внатрешноста додека автомобилот е поврзан со полначот.

Паркирањето во гаража спречува претерано ладење на батеријата бидејќи студена батерија не апсорбира доволно количество на енергија. Таа има потреба од одредена удобна температура за идеални перформанси на полнење и нормален процес на рекуперирање (враќање на енергијата во акумулаторот при кореистење на сопирачките). Возењето во еко режим дополнително ја намалува потрошувачката на енергија и го зголемува дометот.

Стравот од замрзнување при претстој во електричен автомобил  во метеж е неоснован. Електричниот автомобил може да се загрева толку долго, колку и возило со мотор со внатрешно согорување. Доколку батеријата е доволно добро наполнета, кога ќе се најде во метеж, полнењето ќе може да биде присутно и да трае неколку часа или дури и денови.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја