Доколку при возење на автопат ја напуштите лентата на движење може да стане опасно. Ова е многу честа причина за сообраќајни несреќи, а пресметките покажуваат дека дури 40 проценти од несреќите се предизвикани од истата. Овие податоци се регистрирани во базата на податоци на ADAC. Во повеќето случаи слични инциденти се случуваат поради невнимание од страна на возачот, а најчесто на прав пат. Асистентите за задржување на автомобилот во неговата лента на движење можат да помогнат да не дојде до проблеми.
При оценка на тестовите Euro NCAP од 2018 и 2019 година, најголемиот германски автомобилски клуб одреди што можат и што не можат да направат системите за предупредување при напуштање на лентата кај вкупно 71 модел од автомобилите.
На врвот на класификацијата се Model 3 и Model X на Tesla, како и Audi Q3 кои се израмнети на првите три места. Асистентот за одржување во лента ги има сите корисни функции од автоматско активирање при рестартирање, до препознавање на работ на патот дури без ознаки и заштита од судир со возилата кои наидуваат. На дното на списокот се наоѓа Suzuki Jimny, кој има само предупредување за напуштање на лентата, како и Fiat Panda и Wrangler Jeep, кои го немаат тој систем.
Според ADAC, системите, кои покажуваат дали автомобилот ја препознава границата на лентата и внимателно интервенира само доколку постои ризик да се премине границата на лентата. Сè додека возилото останува глвно на средината на лентата, нема мешање во сообраќајот. Системите за предупредување за напуштање на лентата, од друга страна, се вклучуваат похрабро само кога ситуацијата се заканува да стане критична.

Асистентите на лентата имаат голем потенцијал да спречат инциденти особено при услови кога се активирани и работат правилно. Системите брзо го перцепират негативното, доколку возачот не знае како работат. Затоа од клучно значење е возачот да се запознае со начинот на работа, за да може да го развие и својот возачки потенцијал.
Тестовите на Euro NCAP покажуаат дека денес се достапни доста сложени асистенти. Од 2022 година користењето ќе им биде задолжително во новите модели на превозни средства, а од 2024 година и кај сите новорегистрирани автомобили и камиони до 3,5 тони. Според ADAC, клулно е системите да се активираат автоматски при стартување на автомобилот и да не останат исклучени дури и после рачно деактивирање.









